Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против Кипар

Објавено на 11 Септември, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар на 12 и 14. септември со почеток од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Селекторот на Македонија, Горан Станиќ за двете пресметки против Кипар ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов, Марко Алчевски

Одбрана: Божидар Митревски, Јован Манев, Ален Личина, Редев Јанкуловски, Борис Јакимовски;

Средина: Емил Скоко, Иван Николов, Стефан Георгиев, Димитар Тодоровски, Влада Новевски

Напад: Кире Трпчевски, Џемаил Ибиши, Муарем Сухељ, Куштрим Таири, Давид Тошевски

Селектор: Горан Станиќ




   
   
А репрезентација