Македонија до 16 години ремизираше против Бугарија на гостински терен

Објавено на 24 Октомври, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 16 години одигра 1:1 на пријателскиот натпревар против Бугарија до 16 години во Софија. 

Македонија го отвори резултатот уште во 8. минута кога Стојменов постигна гол со глава по центаршут од корнер. Домаќинот се обидуваше да даде израмнувачки погодок, но Алчевски беше одличен на нашиот гол и ги одбрани ударите на Георгиев и Цветанов. 

Во второто полувреме избраниците на селекторот Марио Вујовиќ одолеваа на нападите се до 64. минута кога Бугарија преку Мартин Петков постигна гол за израмнување на резултатот на 1:1. Најдобрата шанса за второ водство Македонија ја пропушти преку Георгиев.  

Македонија до 17 години: Алчевски, Ајдини, Тодоровски, Николов, Сали, Стојменов, Живиќ, Андоновски, Илиевски, Георгиев, Костески; Селектор: Марио Вујовиќ

На 26. октомври Бугарија и Македонија ќе го одиграат и вториот контролен натпревар. 



   
   
А репрезентација