Лига на нации: Против Бугарија во Разград

Објавено на 22 Февруари, 2022 во Вести


Репрезентацијата на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.

Нашата најдобра селекција предводена од Благоја Милевски се наоѓа во групата Ц каде што силите ќе ги одмери со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. 

Првиот меч го играме на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на Хувефарма Арена во Разград.

2. јуни 2022. Бугарија - Македонија 

5. јуни 2022. Гибралтар - Македонија 

9. јуни 2022. Македонија - Грузија 

12. јуни 2022. Македонија - Гибралтар 

23. септември 2022. Грузија - Македонија 

26. септември 2022. Македонија - Бугарија 

Нашите фудбалери на 24. март ќе гостуваат во Италија во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.





   
   
А репрезентација