Конкурс за УЕФА Ц, Б и А курсеви

Објавено на 06 Септември, 2023 во Вести


Ве информираме дека едукативниот центар при ФФМ отвора конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц, УЕФА Б и УЕФА А курсеви.

За таа цел, секој заинтересиран кандидат е неопходно да го пополни соодветниот онлајн прашалник кој е отворен до 12.09.2023 за Ц, односно до 14.09.2023 за Б и А курсеви. По овој датум, прашалниците автоматски стануваат неактивни а конкурсот завршен, а понатамошната комуникација во врска со курсевите ќе продолжи единствено по е-маил и единствено со кандидатите кои уредно го пополниле прашалникот.

Ненавремено и неуредно пополнувањето на прашалникот ќе значи неможност за учество на било кој од претстојните УЕФА курсеви кои се предмет на овој конкурс.

Кон пополнување на пријавите може да се пристапи на линковите подолу кои ги содржат и планираните датуми за секој курс поединечно:

https://forms.office.com/e/3fEemEPyxW - Линк за пријава на УЕФА Ц курс

https://forms.office.com/e/WXSED60vTQ - Линка за пријава на УЕФА Б курс

https://forms.office.com/e/3cMPDz5anp - Линк за пријава на УЕФА А курс

Пред пополнување на пријавата, молиме добро да се погледнат критериумите за учество на наведените УЕФА курсеви објавени во детали во документот подолу, како сите заинтересирани кандидати би знаеле дали ги исполнуваат основните услови за учество.

Критериуми за упис на УЕФА Ц, Б и А курс .pdf 






   
   
А репрезентација