Кире Маркоски дополнитено повикан, против Норвешка без Несторовски и Ѓорѓев

Објавено на 06 Ноември, 2017 во Вести


Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка на 11. ноември на Националната арена “Филип Втори” во Скопје. Кире Маркоски ќе го замени во офанзивниот ред напаѓачот на Палермо Илија Несторовски кој е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел. 

Поради повреда селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а по утрешниот собир ќе се знае дали Кире Ристевски и Висар Муслиу ќе бидат во составот за натпреварот со Норвешка. 

Собирот на А репрезентацијата е закажан утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза”. 



   
   
А репрезентација