Информација за фудбалски клубови - добитници на ваучери за 2022 година

Објавено на 22 Февруари, 2022 во Вести


Почитувани фудбалски клубови – добитници на ваучери од АМС за 2022 година (во продолжение листата на клубови),

Ве известуваме дека Фудбалската Федерација на Македонија ги подигна од АМС доделените ваучери за фудбалските клубови за 2022 година, и истите клубови на кои им е доделен ваучер може да си го подигнат од утре 23.02.2022 година, во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија, секој работен ден од понеделник до петок од 09.00 часот до 15.00 часот.

Лицето кое го подига ваучерот, задолжително треба да достави уредно полномошно од клубот за подигнување на ваучерот, како и да поседува документ за лична идентификација.

За ваучерот ќе се обратите кај лицето Златко Стојановски.

Листа на доделени ваучери за фудбалски клубови за 2022 година од АМС.pdf 



   
   
А репрезентација