ИН МЕМОРИАМ Александар Забрчанец - Ацуле

Објавено на 11 Јуни, 2021 во Вести


Тажна вест од фудбалски Прилеп. Синоќа на 73 годишна возраст почина најуспешниот претседател на ФК Победа Прилеп,  Александар Забрчанец - Ацуле.
Еден од најпрепознатливите фудбалски работници во нашата држава беше долгогодишен фудбалски претседател на Победа под чие раководство тимот од Прилеп ги забележа најголемите успеси во својата историја.

Со Ацуле како претседател Победа двапати беше шампион и двапати вицешампион на Македонија, а го освои Купот на Македонија во сезоната 2001/02. Под негово водство Победа првпат заигра и во фудбалска Европа.

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини изразуваат искрено сочувство до семејството Забрчанец и неговите блиски роднини и пријатели. 












   
   
А репрезентација