Имплементација на најсовремените УЕФА тестови

Објавено на 09 Јуни, 2021 во Вести


Денеска во просториите на Фудбалската федерацијата на Македонија, фитнест тренерот Сашо Данески спроведе тестирање за утврдување на тренинг зони и лактатен праг со сите меѓународни судии според највисоките критериуми на УЕФА.

„Фудбалската федерација на Македонија изминатиот период интензивно инвестира во подобрување и осовременување на тренажниот процес на фудбалските судии. За полесно организирање на тренинзите на судиите низ државата обезбедени се часовници со кои индивидуално и детално може да се следи секој тренинг. Дополнително сите судии добија спортска опрема како за тренинг така и за натпревари. На летниот семинар дополнително ќе се реализираат и најновите УЕФА тестови за кондициона поставеност, мобилност и флексибилност што целокупно ќе допринесе за уште поголема професионалност”, изјави фитнес тренерот Сашо Данески.





   
   
А репрезентација