Футсал: Убедлив пораз од Романија

Објавено на 14 Април, 2021 во Вести


Македонската футсал репрезентација претрпе убедлив пораз во последното коло од квалификациите за Европското првенство. Македонија во Темишвар загуби од Романија со 9:1. Противникот имаше целосна доминација, Романците уште во првиот дел го решија победникот, во меч во кои Македонија настапи без деветмина стандардни репрезентативци и со оглед дека овој натпревар немаше никакво значење за нашата селекција.

Романија поведе уште во 34. секунда, а до полувремето имаа предност од 6:0.

Головите за Романците ги постигнаа Филипе Оливеира (3), Рибеиро (2), Валарадеш (2) и по еден Фереира и Шоч. Единствениот гол за Македонија го постигна Петровиќ.

Ова беше прва победа за Романија, а Македонија ја заврши групата без победа, со две ремија и четири порази.



   
   
А репрезентација