ФФМ со измена на Правилникот го штити едно од основните права на жените, правото на мајчинство и бременост

Објавено на 27 Октомври, 2021 во Вести


Едно од основните права кои ги имаат жените како посебна заштита во работниот однос е правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство.  

Фудбалската федерација на Македонија направи измени во Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери, а кои се однесуваат на специфичните работни услови на професионалните фудбалерки во време на бременост:

  - Фудбалерката која го искористила породилното отсуство, може да биде регистрирана, односно да склучи професионален договор и надвор од преодниот рок во зависност од одредбите на самиот договор со кој фудбалерката заминала на породилно отсуство и имајѓи го во предвид спортскиот интегритет на натпреварувањето;

- Фудбалерите во женска конкуренција имаат право на породилно отсуство за време на склучениот професионален договор со клубот со надомест од 2/3 од висина на платата која ја добиваат според самиот договор.

- На фудбалерот во женска конкуренција, вратен од породилно отсуство, во период на извршување на клупските обврски треба да му се овозможи доење на бебето. За таа цел клубот треба да обезбеди соодветен простор според законските прописи и регулативи.

- Бременоста, породилното отсуство или користењето на правата кои произлегуваат од мајчинството, генерално не смеат да бидат условени со одредбите на професионалниот договор склучен меѓу клубот и фудбалерот во женска конкуренција.

- Доколку клубот го раскине договорот со фудбалерката поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството генерално ќе се смета дека договорот е раскинат од страна на клубот без соодветна причина, освен доколку не се докаже спротивното;

- Доколку договорот е раскинат поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството, клубот треба да ја обештети фудбалерката доколку самата не склучила договор со нов клуб или во случај во периодот на донесувањето на одлука, фудбалерката склучила нов договор на клубот;

- Покрај обврската на клубот кој еднострано го раскинал договорот со фудбалерот да изврши исплата на надоместок, ќе му биде изречена и санкција за забрана на регистрација на фудбалери на два цели и последователни преодни рокови. Клубот ќе може да регистрира нови фудбалерки исклучиво по истекот на спортската санкција.




   
   
А репрезентација