Објавено на 28 Мај, 2019 во Вести
Норвешката Фудбалска Федерација заедно со Фудбалска Федерација на Македонија го организира првиот настан/курс за развој и афирмација на женскиот фудбал во Македонија. На овој настан учество имаат 24 жени/девојки кои имаат желба да се вклучат во женската страна на фудбалот. Тие веќе трет ден добиваат информации за тоа како може да се подобри женскиот фудбал, но и како да се придобијат нови девојчиња во процесот на тренинг.
Во таа насока на теренот на ФК Скопје во Автокоманда, денес се одржа фестивал на женскиот фудбал на кој овие 24 девојки работеа фудбалски вежби и игри со околу 60 девојчиња кои се членови на клубови но имаше и такви кои самоиницијативно со своите родители дојдоа да се запознаат со фудбалската игра.
И во текот на утрешниот ден 29.05.2019 со почеток во 11.00 часот на стадионот на ФК Скопје во Автокоманда, НФФ и ФФМ ќе одржат фудбалски фестивал за девојчиња на кој ги покануваме сите заинтересирани девојчиња на возраст од 8 до 14 години да дојдат и да се запознаат со магијата на фудбалската игра. На ово настан исто така ќе има претставници на женски фудбалски клубови со кои родителите ќе можат да остварат разговор за начин и можности за зачленување во клуб.
ФФМ и НФФ се заблагодаруваат на ФК Скопје – Скопје за укажаното гостопримство и понудената соработка за реализација на овој настан а на клубовите ЖФК Џиџи – Скопје, ЖФК Њујорк – Скопје, ЖФК Драгон 2014 – Скопје, ФК Фудбал Кидс – Скопје за подршка и учество со своите фудбалерки.
Девојчиња, Ве очекуваме на стадион!