Женска репрезентација на Македонија до 19: Квалификациски турнир во Португалија

Објавено на 25 Ноември, 2024 во Вести, До 19 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 27. ноември до 3. декември ќе учествува на Уефа квалификацискиот турнир што ќе се одржи во Португалија.

Нашата млада селекција се наоѓа во А лигата (2 рунда), каде за противници ќе ги има селекциите на Франција, Португалија и Словачка.

Првиот меч од квалификацискиот турнир го играме против Франција на 27. ноември.

Во второто коло не очекува натпревар против домаќинот, репрезентацијата на Португалија. Овој дуел на програмата е на 30. декември.

Во последното коло, играме против Словачка, на 3. декември.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојните предизвици од квалификациите, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова   Скопје

Белма Казимоска   Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Михаела Додевска   Скопје

Васка Василева   Каменица Саса

Кристина Крстева   Скопје

Слаѓана Ѓорѓиева   Тиверија Брера

Ива Јованоска   Љуботен

Ангела Димчова   Тиверија Брера

Стефанија Веселинова   Каменица Саса

Емилиа Блажевска 

СРЕДЕН РЕД:

Сара Дика   Ас Јунајтед

Тамара Лазеска   Ас Јунајтед

Ива Јосифова   Тиверија Брера

Јехона Велиу

Зиза Аломеровиќ

НАПАД:

Ева Андонова   Каменица Саса

Јована Павловска   Ас Јунајтед

Елена Симјанова   Љуботен

Емили Митковска   Речица

Анастасија Илиевска   Топ Гол





   
   
А репрезентација