Објавено на 26 Февруари, 2020 во Вести, Семинари
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија заедно со тренерската организација
на 24. февруари го одржаа годишниот „Форум
на тренери“.
На настанот во хотел „Александар Палас“, тренерите имаа можност да проследат презентации од областа на професионалниот фудбал, елитни млади фудбалери и грасрут фудбал.
На форумот присуствуваа околу 400 тренери од Македонија носители на УЕФА диплома на сите нивоа. Бранимир Ујевиќ, директор за тренерски развој во ФИФА беше еден од предавачите на форумот, а главната тема се однесуваше на тренерските поенти од Светскиот Куп - Русија 2018. Од домашните фудбалски стручни лица свои презентации имаа Зоран Стратев, технички директор на ФФМ, Горан Станиќ, селектор на македонската репрезентација до 19 години и Марио Ѓурчиновски, координатор за едукација во ФФМ.
Презентациите и видеата од сите презентери на форумот, како и деталниот извештај и анализа на Светското првенство во Русија 2018. година, може да се превземат на линковите подолу.
Трендови во модерниот фудбал.pdf
Менаџирање со младински Национален тим.pdf
Советување за тренери и родители.pdf