Дориан Бабунски: Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро

Објавено на 04 Септември, 2023 во Вести


Македонската А репрезентација ги започна подготовките за септемвриските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија (09.09.) и Малта (12.09.). 

Сите повикани фудбалери се ставија на располагање на селекторот Милевски и го одработија првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.  

Своите очекувања ги сподели офанзивецот Дориан Бабунски, новиот фудбалер на швајцарски Грасхоперс. 

Доаѓаме со нова енергија. Учиме од грешките на последните натпревари. Треба да се подобриме во сите аспекти на фудбалската игра. Италија е светска велесила“.

„Секој од фудбалерите кога доаѓа за репрезентација е подготвен да даде 100 % од можностите. Оваа енергија што ја имаме тука не може да се почувствува во клуб. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро“.




   
   
А репрезентација