Денешните натпревари од 1. МФЛ се одложуваат за среда

Објавено на 06 Март, 2022 во Вести


Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот.



   
   
А репрезентација