Давор Шукер: ФФМ и претседателот Ѓорѓиоски вложуваат максимален придонес за развој на македонскиот фудбал

Објавено на 17 Февруари, 2018 во Вести


Давор Шукер, членот на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Хрватскиот фудбалски Сојуз имаше свое обраќање пред присутните делегати  на Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Од мое лично и од име на УЕФА би сакал да истакнам дека имаме извонредна соработка со раководната структура на Фудбалската федерација на Македонија и со претседателот на Вашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски.

Главниот постулат на УЕФА е промоција и унапредување на фудбалот особено преку програмите за развој на младинскиот фудбал, грасрут програмата, унапредување на инфраструктурата, воспоставување на националните фудбалски академии. А, во суштина тоа е токму она на што Фудбалската федерација на Македонија е најмногу посветена.

Ако ја погледнете фудбалската 2017 година во Македонија и моментите кои ги доживеавте, тогаш сигурно ќе речете, па макар и во себе, јас од ова повеќе не можам да барам. Пред само една година, од оваа иста говорница реков дека суштинската работа и вложувањето во базични проекти ќе придонесе за позитивни резултати на сите селекции, вклучувајќи ја и А рпрезентацијата на Македонија.

Погледнете што направивте за една година: Македонија напредуваше повеќе од 90 места на ФИФА листата, Македонија до 21 година играше на Европско првенство, младиските селекции се пласираа во Елитна фаза квалификации за Европско првенсто, Македонија и градот Скопје го организираа најдобриот Супер Куп во историјата, го изградивте и комплетиравте модерниот тренинг центар во комплексот „Куќа на Фудбалот“.

Јас знам, мене ми е јасно дека ние овде, на овие простори имаме таков менталитет, нетрпеливи сме и постојано бараме „нешто сензационално или нешто што нема допирна точка со нашата работа, нешто што би ставила темна дамка“, но, драги луѓе, ако сме искрени кон сите и пред себе, во овој случај и со оваа работа на ФФМ, би рекле – продолжете во тој правец уште посилно. 

УЕФА е среќна што во Фудбалската федерација на Македонија има одличен партнер, на тој начин и вие градите уште посилна федерација со добра структура и одлични односи со другите асоцијации. Со поддршка од УЕФА и хет-трик програмата за развој верувам дека уште повеќе ќе ја засилите соработката со институциите, се со цел развој на фудбалската инфраструктура која ја има клучната улога во развојот на фудбалот. УЕФА секогаш ќе ја помага својата база. А, ФФМ е нераскинлив дел од нашето семејство. Ве повикувам да разговарате, да се борите, да работите заеднички.

Оваа федерација и овој претседател работат и вложуваат максимален придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал. Но, најважно од сѐ, ФФМ работи по својот статут и не би сакале да биде поинаку“, рече во обраќањето Давор Шукер, член на највисокото тело на УЕФА и претседател на Хрватскиот фудбалски Сојуз.




   
   
А репрезентација