Објавено на 22 Март, 2022 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
Нашата најдобра селекција денеска патува за Палермо, градот во кој напаѓачот Александар Трајковски мина четири години од својата кариера.
- Поминав прекрасни четири години во Палермо. Среќен сум што се враќам во градот и што ми се укажува шанса за настап.
- Ова е многу важен натпревар, но ние покажавме дека можеме да оствариме одлични резултати и дека играме добар фудбал. Притисокот е врз Италија, ние немаме што да загубиме. Храбро и без страв да покажеме дека можеме да одиме понатаму.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....