62 медицински лица учествуваа на семинарот организиран од ФФМ

Објавено на 22 Февруари, 2022 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија организираше семинар за доктори и физиотерапевти кои работат во клубовите од МФЛ и нашите националните селекции.

На дводневниот семинар одржан во хотел „Хилтон“, учествуваа вкупно 62 медицински лица. 

Предавачи на темите поврзани со дијагноза и третман на повреди во фудбалот беа Невзат Јонузи - спец. општа хирургија, Илија Стоилов - спец. спортска медицина, Небојша Настов - спец. трауматологија, Андреј Николовски - спец. дигестивна хирургија, Михајло Ивановски - спец. трауматологија, и Александар Савески - спец. трауматологија. 

Во продолжение можете да ја преземете литературата користена при дијагноза и третман на повреди во фудбалот:

Дијагноза и третман на повреди.docx 

Injury diagnosis and treatment PROOFREADALB.docx 








   
   
А репрезентација