ЖФК Љуботен против Валур во квалификациите за Лигата на Шампиони за жени

Објавено на 05 Јули, 2024 во Вести


Денеска беше одржана ждрепката за квалификациите за пласман во Лигата на шампиони за жени.

Нашиот претставник, екипата на Љуботен се наоѓа во групата 5 заедно со екипите на Твенте, Кардиф Сити и Валур.

Во полуфиналето од турнирот, ќе играме против Валур, додека во второто полуфинале се среќаваат женските екипи на Твенте и Кардиф. Натпреварите на програмата се на 4 септември.

Победниците од двата полуфинални меча ќе ги вкрстат копјата во финалето на турнирот кое на програмата е на 7 септември.

Победникот ќе избори учество во Лигата на Шампиони за жени




   
   
А репрезентација