Објавено на 24 Август, 2020 во Вести
Викендот се одиграа натпреварите од 2. коло од новата сезона во Македонската женска фудбалска лига. Актуелниот првак Каменица САСА со победа од 5:1 против ЖФК Истатов ја запиша втората победа од натпреварувачката сезона 2020/2021.
Фудбалерките на Каменица САСА имаа двојна причина за славје, откако претставникот на Фудбалската федерација на Македонија, Куштрим Љума им го врачи пехарот за освоено прво место во натпреварувањето за ланската сезона.