Објавено на 31 Август, 2023 во Вести, До 17 год жени
Женската репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 27 до 31 август беше на тренинг камп во Кичево, каде што интензивно се подготвуваше за претстојните натпревари и предизвици што ја очекуваат.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Катерина Милеска ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Ангела Блажева (Тиверија);
Одбрана: Мина Коваческа (Атлетико), Емилиа Блаежевска (Скофтебин), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Топ Гол), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје);
Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Тамара Нешковска (Атлетико), Канита Емини (Скопје), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен), Теодора Настова (Скопје);
Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Андреа Коловска (Љуботен), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда), Леонора Велкоска (Атлетико);
Катерина Милеска, селектор на женската репрезентација на Македонија до 17 години
„Овој тренинг камп го организиравме со цел да се провери моменталната форма на репрезентативките. Покрај тоа, работевме и на воигрувањето, имаме една нова генерација на млади фудбалерки која треба да го поднесе товарот на следните квалификации, кои се во октомври во Косово. Во нашата група се наоѓаат селекциите на Косово, Грузија и Ерменија. Се надевам дека ќе успееме да оствариме пласман во следната елитна фаза на квалификации"
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....