Женската репрезентацја на Македонија до 16 години славеше победа над Казахстан во првото коло од УЕФА развојниот турнир

Објавено на 24 Април, 2016 во Вести, До 17 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 16 години славеше победа со 5:2 над Казахстан во рамките на првото коло од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторот Тоше Нацев одиграа одличен меч, особено во првото полувреме во кое успеавме да постигнеме 4 погодоци. Головите беа дело на Рабија Дервиши, Димоска Теодора и Марија Белистојаноска (2 гола)., Противникот преку Низамутинова погоди за намалување на предноста на нашата селекција.

Во продолжението од средбата, видовме по еден погодок во двете мрежи. Казахстан преку Адилканова погоди за 4-2. Конечните 5:2 беа дело на Теодора Димоска.



   
   
А репрезентација