Македонската женска репрезентација славеше победа против Косово со 3:1 на првиот контролен меч меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
Ленче Андреевска постигна два гола, а на погодок за нашата селекција се радуваше и Хафа Музтафа за сигурна победа против Косово.
Двете репрезентации во Приштина на стадионот “Вадиљ Вокри” ќе одиграат втор контролен натпревар на 27. јуни.
Македонија: Викторија Панчурова, Теодора Ѓорѓиевска, Павлинка Николовска, Елма Шемсовиќ, Улза Максути, Мила Талевска, Хава Мустафа, Ленче Андревска, Ели Јаковска, Христина Јошевска, Ана Милчевска;