Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа минимална победа со 1:0 протиц Црна Гора на втората контролна средба

Објавено на 20 Февруари, 2024 во Вести, До 19 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да оствари минимална победа со 1:0 над соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Избраничките на селекторот Астрит Мерко одиграа добар меч против незгоден противник и со погодок во последните минути од средбата забележаа заслужена победа. Ева Конева беше стрелец на единствениот погодок на средбата во 88. минута.
Првата контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации заврши со победа на Црна Гора со 3:1.
Македонија: Кристина Павловска, Еда Далипи, Катарина Петкова, Матеа Блазеска, Слаѓана Ѓоргиева, Никица Трендова , Веса Села, Билјана Панеска, Теодора Далчевска , Сара Мена, Ева Конева;

Селектор: Мерко Астрит;










   
   
А репрезентација