Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа два порази од БиХ

Објавено на 25 Февруари, 2025 во Вести, До 19 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 19 година беше поразена со 4:2 и 4:0 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на двата контролни натпревари одиграни помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.

На првиот контролен меч, БиХ забележа победа со 4:2. 

Во 19. минута Уна Ранкиќ погоди за предност на Босна и Херцеговина. Нина Гарибија во 33. минута ја зголеми предноста. Две минути подоцна Таснем Џинџаревиќ погоди за убедливи 3:0.

Во продолжението од натпреварот, Јована Павловска во 64. минута погоди за намалување на предноста, но Јована Лана Новаковиќ веќе во следната минута го постигна четвртиот погодок за Босна и Херцеговина. Јована Павловска во 78. минута го постигна вториот погодок на денешната средба за конечни 4:2.


На вториот контролен дуел, противникот забележа убедлив триумф од 4:0.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Ѓиѓаревиќ во 50 и 60 минута на два пати стрелаше за предност од 2:0. Ѓорѓиевска во 67. минута постигна афтогол. Конечните 4:0 ги постигна Абдукиќ во 67. минута од средбата.






   
   
А репрезентација