Објавено на 26 Октомври, 2021 во Вести, До 19 год жени
Македонската женска репрезентација до 19 годинисо триумф против Кипар од 4:2 го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија за пласман во А квалификациската група за ЕП.
Нашата млада женска селекција со две победи (Фарски
Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) заврши на второто место во групата.
Македонската селекција на денешниот натпревар имаше негатива од два гола. Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа предност за Кипар, но потоа следуваше целосен пресврт во наша корист. Николовска во 35. минута намали на 1:2, а во второто полувреме Викторија Недева со два гола донесе водство на Македонија од 3:2. Велкова ги постави конечните 4:2 во последната минута од натпреварот.
Белорусија заврши како првопласирана во нашата група со максимален учинок.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....