Објавено на 13 Април, 2022 во Вести, До 19 год жени
Македонската женска репрезентација до 19 години со две победи (Лихтенштајн и Молдавија) и минимален пораз од Словенија го заврши настапот на турнирот во Словенија за пласман во А групата од развојните турнири на УЕФА.
Нашата млада женска селекција се претстави во одлично издание на трите натпревари, а задоволство од играта на македонската репрезентација искажа селекторот, Астрит Мерко.
- „Ни недостасуваше само погодок од бројните шанси кои ги направивме против Словенија да ја минеме оваа фаза и да се квалификуваме во А групата. Одигравме одличен турнир, остваривме сигурни победи против Лихтенштајн и Молдавија, но во директниот дуел со домаќинот Словенија, за жал не ги искористивме шансите. Во мечот доминиравме.
Задововолен сум од посветеноста, борбата и упорноста која ја прикажаа нашите девојчиња. Убеден сум дека следуваат подобри времиња за македонскиот женски фудбал. Во оваа група сериозно се наметнуваат неколкумина девојчиња кои во иднина ќе бидат значаен дел од најдобрата наша селекција. Во јуни и август (двомеч против Романија) не очекуваат подготвителни натпревари, а тоа е нова добра шанса за потврда на квалитетот на оваа селекција“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....