Објавено на 18 Октомври, 2016 во Вести, До 17 год жени
Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра три натпревари против врсничките од Италија, Велс и Република Ирска од турнирот за пласман во елитна фаза за квалификации за Европското првенство за девојки до 19 години. Натпреварите се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за пресметките од квалификацискиот турнир ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Панчурова Викторија (Тиверија), Лекоска Магдалена (Топ Гол); Одбрана: Николовска Павлинка (Тиверија), Јанкоска Тамара (Топ Гол), Гоцевска Анита (Тиверија), Китанова Билјана (Топ Гол), Таневска Весна (Ас Јунајтед); Среден ред: Христина Кирова (Тиверија), Игњатовска Викторија (Истатов), Чубриноска Јана (Истатов), Mилановска Александра (Речица), Симоноска Александра (Ас Јунајтед) , Стојчевска Наталија (Топ Гол), Динева Росана (Тиверија), Елма Шемсович (Борец); Напад: Талевска Мила (Атлетико), Митревска Анастасија (Речица), Максути Улза (Ас Јунајтед);
Нашата репрезентација првиот натпревар го игра денеска во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ против Р. Ирска, а во истиот термин на стадионот „Бирис Трајковски“ играат Италија и Велс.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....