Објавено на 23 Април, 2019 во Вести, До 19 год жени
Македонската женска репрезентација до 17 години од 28. април до 01. мај во италијански Градо ќе учествува на силен меѓународен турнир во група со репрезентациите на Италија, Јапонија и Русија. На турнирот „DELLE NAZIONI 2019“ учестуваат осум репрезентации поделени во две групи. Словенија, Мексико, Северна Кореја и Норвешка се селециите во втората група.
Селекторот на нашата женска репрезентација до 17 години, Астрит Мерко за натпреварите во Италија ќе смета на следните фудбалерки:
Македонија (жени) до 17 години: Марија Ничевска (Љуботен), Сара Исајлоска (Љуботен), Елена Панеска (СЦ Истатов), Теодора Јанковска (Топ Гол), Сара Цветковска (Атлетико), Елена Бошкоска (Прилеп), Сара Велкова (Тиверија), Стефани Петревска (Каменица Саса), Габриела Гелевска (Топ Гол), Белма Бејтовиќ (Ст. Гален, Швајцарија), Деспина Пауновиќ (Љуботен), Ана Апостолова (Кочани), Марта Илиеска (АС Јунајтед), Анастасија Маринковска (Каменица Саса), Роберта Антовска (Речица), Ана Јавашева (Борец), Ана Нешковска (Топ Гол), Андреа Миленкова (Топ Гол), Македонка Размовска (Топ Гол), Елена Наумческа (Љуботен);
Првиот натпревар Македонија до 17 години ќе го одигра на 28. април (недела) од 18:00 часот против Русија, ден подоцна, исто така со почеток во 18:00 часот играме против домашната селекција на Италија, а на 01. мај (среда) се соочуваме со Јапонија од 18:00 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....