Женската репрезентација до 16 години против Романија, Израел и Лихтенштајн на развоен турнир

Објавено на 25 Април, 2017 во Вести


Македонската женска репрезентација до 16 години предводена од селекторот Тоше Нацев ќе учествува на УЕФА развојниот турнир кој ќе го организираме во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“. На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на Израел, Романија и Лихтенштајн.

Селекторот на Македонија до 16 години Тоше Нацев за развојниот турнир ги повика следните фудбалерки: Ана Ѓоргиева (Кочани), Ана Апостолова (Кочани), Андреа Стојчева (Кочани), Теодора Петровска (Топ Гол), Ивана Ристевска (Топ Гол), Теодора Јанковска (Топ Гол), Габриела Гелевска (Топ Гол), Синдис Положани (АС Јунајтед), Валентина Далческа (АС Јунајтед), Цветанка Костадинова (Борец), Ана Јавашева (Борец), Драгана Јаневска (Борец), Марија Ѓорѓиева (Борец), Ивана Николова (Тиверија), Марија Џевалекова (Тиверија), Сара Велкова (Тиверија), Данче Карпузовска (Тиверија), Елена Панеска (Тиверија), Елена Бошкоска (Тиверија), Тамара Стерјовска (Атлетико);

Првиот натпревар нашите репрезентативки ќе го играт на 26. април (среда) со почеток во 15:30 часот, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Лихтенштајн.

На 28. април со почеток во 15:30 часот ќе играме со Романија, а во третиот круг со селекцијата на Израел на 30. април со почеток во 11:00 часот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија.




   
   
А репрезентација