Објавено на 06 Април, 2015 во До 17 год жени
На овој турнир учество ќе земат и репрезентативките на Црна Гора, Луксембург и Лихтенштајн. Нашите млади репрезентативки првата средба ќе ја одиграат на 6 април со почеток од 11 часот против селекцијата на Луксембург. Наредниот ден, на 7 април во истиот термин силите ќе ги одмериме со репрезентацијата на Лихтенштајн. Последниот натпревар ќе го одиграме против домашната селекција на Црна Гора на 9 април со почеток во 14 часот.
Селекторот на женската репрезентација до 16 години, Kирил Изов го соопшти списокот на фудбалерки на кои ќе смета за претстојниот УЕФА развоен турнир. За дуелите против селекциите на Црна Гора, Луксембург и Лихтенштајн повикани се следните фудбалерки: Крстеска Евгенија (Борец), Шемшовиќ Елма (Борец), Ѓорѓиевска Теодора (Борец), Гегова Драгана (Борец), Живиќ Јулија (Борец), Киранова Викторија (Конзули), Талевска Мила (Конзули), Бумбаровска Теодора (Конзули), Чубриновска Јана (Фуд. Школа Форца), Благонова Ана (Кочани), Максути Улза (АС. Јунајтед), Суарта Речи (АС. Јунајтед), Гоцевска Анита (Тиверија), Котева Моника (Тиверија), Белистојаноска Марија (Топ Гол), Спасовска Јована (Речица), Николовска Анастасија (Речица), Биневска Ивана (Речица), Миловановска Бојана (Порече), Цветковска Мелани (Холандија).
„ Нашата шанса ќе ја бараме на дуелите против селекциите на Луксембург и Лихтенштајн. Сметам дека сме поквалитетна репрезентација и се надевам дека ќе успееме да славиме на овие два натпревари. Заедно со домашната репрезентација на Црна Гора ќе се бориме за освојување на првото место. Верувам во овие млади фудбалерки и се надевам дека ќе се прикажеме во одлично светло на овој турнир"- изјави селекторот Кирил Изов за официјалната веб страна на Фудбалската федерација на Македонија.
Пред патувањето за Црна Гора, нашите фудбалерки имаа подготовки во Скопје.