Објавено на 17 Јуни, 2022 во Вести, До 19 год жени
Женската млада селекција на Македонија до 19 години ги одигра двата контролни натпревари против соодветната репрезентација на Романија.
Контролните дуели беа одиграни на стадионот Караорман во Струга.
На првата пријателска средба одиграна помеѓу овие две репрезентации, Романија забележа победа со 6:1. Стрелец на единствениот погодок за нашата репрезентација беше Лора Сулејмани.
Во рамките на втората контролна пресметка, Македонија загуби, но одигра многу поквалитетно и подобро во одност на првиот дуел. Избраниците на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1. Голот за Македонија беше дело на Веса Села.