Објавено на 27 Ноември, 2020 во Вести, А репрезентација жени
Женската македонска репрезентација со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство. На гостувањето во Алмати, нашата селекција убедливо славеше против Казахстан со 3:0. Македонските фудбалерки и покрај фактот што на ова гостување беа без селекторот Кирил Изов, дуелот го започнаа мотивирано и уште во раната фаза го отворија резултатот. За тоа најзаслужени беа капитенката Наташа Андонова и Гентјана Рочи. Андонова асистираше, а Рочи ја совлада домашната голманка и на Македонија ѝ донесе водство во 11. минута. Нешто подоцна, Андонова повторно асистираше, а Рочи повторно погоди за удвојување на предноста на 2:0, додека до крајот на првиот дел мрежата на Казахстан ја стресе уште Елма Шемсовиќ.
Во вториот дел нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат почесен погодок.
Македонската женска репрезентација ги заврши квалификациите со шест бодови на четвртото место на табелата.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....