Женската А репрезентација убедливо поразена на гостувањето во Франција

Објавено на 24 Октомври, 2020 во Вести, А репрезентација жени


Македонската женска А репрезентација убедливо е поразена од Франција на гостински терен во квалификациите за Европското првенство. СилнатаФранција славеше со високи 11:0 (5:0).

Нашите фудбалерки по добриот почетокво квалификациите и победата над Казахстан (4-1), во француски Орлеан го запишаа четвртиот пораз во низа, а втор од фаворизираната Франција. 

Французинките од својот прв напад стигнаа до водство од 1:0. Резултатот го отвори Гoвин, а само четири минути подоцна Ле Сомер зголеми на 2:0. Истата фудбалерка во 21. минута погоди за 3:0, додека до крајот на првиот дел нашата мрежа ја затресоа уште Де Алмеида и Диани (5-0).

Ништо не се промени ниту во вторите 45 минути. Франција продолжи со доминацијата и уште шестпати ја затресе нашата мрежа за конечна победа од 11:0.

До крајот од квалификациите, нашата женска репрезентација ја очекува уште еден натпревар против Казахстан на гостински терен. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација