Женската А репрезентација со подмладен состав замина во Белорусија

Објавено на 13 Септември, 2016 во А репрезентација жени

Женската Македонска А репрезентација е на пат кон Белорусија, каде ќе го одигра последниот квалификациски натпревар од групата 1 за пласман на Европското првенство во Холандија, 2017 година.

Натпреварот ќе се одигра на 15. септември, 2016 година во Минск со почеток во 17.00 часот.

Свесни сме дека во овие квалификации немаме шанси за пласман, но поради тоа и немаме што да изгубиме. Имаме подмладен состав на многу мотивирани играчи и во овој последен натпревар сакаме да направиме изненадување. Нема повредени фудбалерки, и искрено се надеваме дека ќе постигнеме позитивен резултат кој би претставувал мотивација и позитивен импулс за натамошните настапи на женската А репрезентација - изјави Кирил Изов, селектор на женската А репрезентација. 

За овој натпревар, селекторот ги повика следните фудбалерки:

Голмани:

Фроска Костова

Елена Чакмаковска

Викторија Панчурова

Одбрана:

Павлинка Николовска

Даниела Велеска 

Симона Тасева 

Ивана Биневска

Сашка Кокаловска 

Мартина Смилковска 

Среден ред:

Катерина Милеска

Емилија Стоиловска

Јана Чубриноска

Елма Шемсовиќ

Симона Крстановска

Напад:

Ели Јаковска

Улза Максити

Афродита Салихи

Александра Ристовска.




   
   
А репрезентација