Објавено на 12 Април, 2022 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето во Луксембург во рамките на квалификациите за СП 2023. Репрезентативниот тим предводен од селекторот Кирил Изов дојде до водство уште во првата минута со голот на Гентјана Рочи, но до крајот на првото полувреме Луксембург направи пресврт со двата гола на Томсон. Во продолжението имавме неколку прилики за израмнување, но не успеавме да ја погодиме домашната мрежа.
Македонија го доживеа седмиот пораз во групата и е претпоследна со три бода. Луксембург е четврти со девет бода.
До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два меча, со Летонија на домашен терен и на гости против Австрија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....