Објавено на 29 Август, 2019 во Вести, А репрезентација жени
Македонската женска А репрезентација во вторник, 3.септември 2019. против Австрија во Виена ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во рамки на групата „Г“ од циклусот за пласман на Европско првенство.
Селекторот на нашата најдобра женска репрезентација, Кирил Изов за дуелот против топ фаворитот во групата ќе смета на следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Рочи (Ассс Јунајтед), Магдалена Лекоска (СЦ Истатов);
Одбрана: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Драгана Колеска (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Јована Ѓорѓиоска (Деспина Прилеп), Симона Крстаноска (Брезница, Црна Гора), Ане Бошеска (Тиверија);
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Јана Чубриновска (Деспина-Прилеп),Катерина Милеска (Деспина-Прилеп), Александра Марковска (Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (Тиверија), Јулија Живиќ (Драгон 2014);
Напад: Ели Јаковска (Конакбеледиеспор, Турција), Улза Максути (Асс Јунајтед), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Димоска (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);
Подготовките за претстојниот квалификациски меч против Австрија, нашата селекција ги одработува во Скопје. В недела селекцијата патува во Виена, а мечот е закажан во 18:00 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....