Женската А репрезентација на Македонија убедливо поразена од Северна Ирска

Објавено на 25 Ноември, 2021 во А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски" беше убедливо поразена од Северна Ирска со 11:0 во натпревар од 5 коло од европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Селекторот на Македонија, Кирил Изов пред самиот меч се соочи со одредени проблеми околу играчкиот кадар, поради неиграњето на нашите најважни и најдобри фудбалерки како Андонова, Рочи, Јанковска, Николовска, Чубрина, Положани, Димоска.

Овие две селекции и во наредното 6 коло ќе ги одмерат силите во Белфаст на 29. ноември.

Македонија: Магдалена Лековска, Теодора Ѓорѓевска, Ана Бошеска, Катерина Милес, Елма Шемсовиќ, Јилза Максути, Александра Марковска, Афродита Салихи, Викторија Недева, Кристина Петрушевска, Ана Милчевска;

Резерви: Верица Колевска, Кристина Павловска, Сара Коларовска, Хава Мустафа, Сара Хусеин, Јулија Живиќ, Сара Велкова, Елена Петровска, Теодора Јанковска, Христина Јошевска, Радица Чонева, Елена Панеска;

Селектор: Кирил Изов;

Во групата Д од квалификациите, Македонија по првите 5 кола има остварено 1 победа и 4 порази.



   
   
А репрезентација