Женската А репрезентација на Македонија убедливо поразена од Австрија во квалификациите за СП 2023

Објавено на 21 Септември, 2021 во Вести, А репрезентација жени


Македонската женска А репрезентација загуби со 6:0 од селекцијата на Австрија во рамките на натпреварот од второто коло од квалификациите за пласман на СП 2023.

На националната арена „Тодор Проески", гостинот ја оправда фаворитската улога и забележа сигурна победа. Во 12. минута Хобингер го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Билла од пенал во 20. минута. Во 30. минута прекрасен погодок постигна Ашауер. 

Во продолжението од натпреварот, противникот постигна уште три гола во период од шест минути. Ашауер во 65. минута постигна уште еден погодок. Со два погодоци во 67 и 71. минута, Била го комплетираше хет трикот за конечен резултат од 6:0.

Македонија:  Суарта Дервиши, Синдис Положани, Павлинка Николовска, Сара Коларовска, Илза Максути, Хава Мустафа, Наташа Андонова, Афродита Салихи, Јулија Живиќ, Рабија Дервиши, Кристина Петрушевска;

Селектор: Кирил Изов





   
   
А репрезентација