Објавено на 26 Октомври, 2021 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија неочекувано загуби од Луксембург во натпревар од квалификациите за пласман на Светско првенство.
На градскиот стадион „Билјанини извори", во интересен натпревар со многу погодоци, противникот успеа да слави минимална победа од 3:2.
Маркез Абреу рано во 8. минута донесе предност за селекцијата на Луксемубрг. Рочи со прекрасен удар од слободен удар успеа да го израмни резултатот.
Во почетните минути од вториот дел, иницијатива на нашата репрезентација и пропуштени неколку добри прилики за гол. Казната стигна во 62. минута, одличниот контра напад го искористи Маркез Абреу и со својот втор гол донесе нова предност за гостинот. Пет минути подоцна, Лековска повторно беше совладана, Тил погоди за предност од 3:1. Во 90. минута Николовска постигна убав гол од слободен удар за намалување на предност на 3:2. Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба.
Македонија: Лековска, Бошеска, Милеска, Николовска, Живиќ, Мустафа, Шемсовиќ, Димитровска, Андоновска, Максути, Рочи;