Женската А репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски меча за пласман на СП против Англија и Луксембург

Објавено на 06 Април, 2022 во Вести, А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија во април ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Во рамките на групата Д од европските квалификации, Македонија ќе одигра два меча против Англија и Луксембург.

Дуелот против Англија ќе биде одигран на 8. април, на националната арена „Тодор Проески" во Скопје, со почеток од 20. часот.

На 12. април не очекува мечот против Луксембург, на стадионот „Emile Mayrisch ", со почеток од 18. часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиевска (Вахјо Бх, Шведска);

Одбрана: Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Јулија Живиќ (Риека, Хрватска), Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Катерина Милеска (Деспина);

Среден ред: Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хава Мустафа (Шкендија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен);

Напад: Ангела Стојковска (Скопје 2014), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Скопје 2014), Гентијана Рочи (Купс, Финска), Ели Јаковска (Митровица, Косово);




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација