Објавено на 24 Ноември, 2014 во А репрезентација жени
Оваа средба ќе биде 100та, а воедно и последна за селекторот на нашата репрезентација, Добре Димовски.
Селекторот Добре Димовски пред својот јубилеен 100ти натпревар како предводник на женската А репрезентација на Македонија го соопшти списокот на фудбалерки на кои смета за дуелот против Унгарија.
За оваа пријателска пресметка повикани се следните фудбалерки: Милевска Катерина (ЖФК Кочани), Наташа Надонова (Турбине Потсдам), Крстановска Симона (ЖФК Конзули Јунајтед), Андонова Сијче ( СВ Блау Вејс), Андреевска Ленче (ЖФК Драгон 2014), Костова Драгана (ЖФК Јагодина), Скерлевска Стефани (ЖФК Кочани), Арсова Олгица (ЖФК Драгон 2014), Тодоровска Моника (ЖФК Драгон 2014), Веселинова Ана ( ЖФК Кочани), Марковска Александра (ЖФК Драгон 2014), Атанасова Станкица (ЖФК Драгон 2014), Салихи Афродита (ЖФК Кочани), Јаковска Елио (ЖФК Драгон 2014), Костова Фроска ( ЖФК Младост Оризари), Рочи Гентјана (ФЦ Луцерн), Митревска Тања (ЖФК Кочани), Арсова Милка (ЖФК Драгон 2014).
- Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпревар и ќе прикажеме одлична игра имајќи во предвид дека во Македонија првенството е во тек, како и во земјите каде што играат нашите репрезентативки што вусшност ја диктира добрата форма на играчите кои се најдоа на мојот список. Има позитивна енергија која владее меѓу девојките што претставува позитивна работа. Ке излеземе на терен со јасна цел и визија да го дадеме максимумот. Моја најголема желба е да одиграме одличен натпревар и да издвојуваме позитивен резултат со оглед на тоа што ова ми е последен натпревар. Тоа би ми било најубавиот подарок од фудбалерките за мојот последен натпревар"- изјави селекторот Добре Димовски за официјалната веб страна на фудбалската репрезентација на Македонија.Селекторот исто така се заблагодари на подршката добиена од фудбалската федерација на Македонија и ја истакна потребата да се организира еден ревијален натпревар на кој би се простил од женската репрезентација која ја предводеше на 100 меѓународни натпревари.