Објавено на 02 Април, 2021 во А репрезентација жени
Македонската женска А репрезентација во април ќе одигра две пријателски средби со репрезентацијата на Косово.
Натпреварите ќе бидат одиграни на 8 април, 2021 со почеток во 15.00 часот и на 11 април, 2021 со почеток во 13.00 часот. Двете средби ќе се одиграат во Скопје на тренинг центарот на ФФМ, а ќе може да се проследат во живо на ТВ платформата https://tv.ffm.mk/
„Целта на натпреварите е да се продолжи со воигрување на тимот, одржување на континуитет пред квалификациите кои се на распоред следната година. Ова ќе биде убава можност да се пробаат неколку играчи кои веќе немаат право за настап во репрезентација до 19 години, да се види нивниот квалитет и потенцијал, како и да им овозможи меѓународно репрезентативно искуство. Поради ситуацијата со КОВИД 19 после подолго време нема да може да сметаме на играчите кои настапуваат во странски лиги, бидејќи се соочуваат со рестрикции за патување и строги протоколи од страна на клубовите.“ изјави селекторот Кирил Изов.
Повик за собирот кој започнува на 5 април, 2021 добија следните фудбалерки:
Голамани: Лекоска Магдалена (ЖФК Љуботен), Суарта Речи (ЖФК Асс Унитед)
Одбрана: Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен), Сара Коларовска (ЖФК Каменица Саса), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Даниела Велеска (ЖФК Деспина-Прилеп), Јовановска Јасмина (ЖФК Речица), Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов 2015).
Среден ред: Катерина Милеска (ЖФК Деспина-Прилеп), Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Енџи Шерифи (ЖФК Шкендија), Александра Марковска (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов 2015), Теодора Јанковска (ЖФК Топ Гол)
Напад: Улза Максути (ЖФК Асс Унитед), Кристина Петрушевска (ЖФК СЦ Истатов 2015), Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Афродита Салихи (ЖФК Шкендија)
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....