Женска репрезентација на Македонија до 19 години: 1:1 против Белорусија

Објавено на 07 Октомври, 2022 во Вести, До 19 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Белорусија во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир во Тбилиси, Грузија за пласман во елитната рунда. 

Во еден интересен натпревар, полн со возбудување и желба за победа кај двете репрезентации, Македонија може да жали за пропуштената прилика за триумф во последните мигови од мечот. Избраничките на селекторот Астрит Мерко во 92. минута од натпреварот пропуштија извонредна прилика за постигнување погодок и остварување победа.

Карашчак од пенал донесе предност за Белорусија во 19. минута. Веса Села во 83. минута го израмни резултатот и ги постави конечните 1:1.

Македонската женска репрезентација до 19 години по двата одиграни натпревари од квалификацискиот турнир забележа една победа и еден нерешен резултат.

Белорусија и домаќинот Грузија треба да го одиграат последниот натпревар во нашата група.




   
   
А репрезентација