Објавено на 23 Март, 2023 во Вести, До 17 год жени
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 22 до 29 март во Лисабон, Португалија ќе учествува на Уефа квалификациски турнир (Лига А).
Нашата млада репрезентација за противници ги доби Германија, домаќинот Португалија и Унгарија.
Во рамките на групата 3 од втората рунда квалификации, избраничките на Катерина Милеска во првото коло играат со фаворитот Германија (23 март). Три дена подоцна силите ќе ги одмериме со Португалија. Во последното коло, кое е на програмата на 29. март, играме против Унгарија.
Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска;