Објавено на 07 Март, 2022 во Вести, До 17 год жени
Женската репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 8 до 14. март ќе учествува на квалификацискиот турнир (Б лига) што ќе се одржи во Албанија.
Нашата млада селекција се наоѓа во групата 3, заедно со Шкотска, Азербејџан и домаќинот на турнирот, Албанија.
Првиот меч го играме против Шкотска, на 8. март, на стадионот Игнатиа во Рогожине, со почеток од 12. часот. На 11. март, на истиот стадион го играме натпреварот од второто коло против селекцијата на Азербејџан. Последниот натпревар е закажан на 14. март, против домаќинот Албанија, на стадионот во Елбасан во 14.30часот.
Селекторот Катерина Милеска за квалификацискиот турнир во Албанија, се одлучи да ги повика:
Голмани: Кристина Павлоска (ЖФК Деспина), Мери Васева (ЖФК Тиверија);
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (ЖФК Тиверија), Катерина Петкова (ЖФК Истатов), Рона Ристеми (ЖФК Шкендија), Матеа Блажевска (ЖФК Скопје), Андреа Донева (ЖФК Кочани), Мирјана Ѓероска (ЖФК Љуботен);
Средина: Ивана Николоска (ЖФК Билјанини Извори), Билјана Паневска (ЖФК Тиверија), Ива Јосифова (ЖФК Тиверија), Михаела Настеска (ЖФК Деспина), Миа Велинова (ЖФК Борец), Елена Љондевска (ЖФК Топ Гол), Викторија Стрика (ЖФК Речица);
Напад: Џенита Кицара (ЖФК Борец), Теодора Далческа (ЖФК Ас Јунајтед), Анастасија Илиевска (ЖФК Деспина), Јована Павловска (ЖФК Атлетико), Веса Села (ЖФК Јунајтед);
Селекторот Катерина Милеска ја издвојува Шкотска како најквалитетна репрезентација во нашата група.
" Одработивме одлични подготовки во Кичево, подготвени сме за предизвикот што не очекува. Што се однесува до групата во која се наоѓаме, најтешко ќе биде против Шкотска, селекција која е апсолутен фаворит да се врати во А лигата. Што се однесува до другите два меча, нашата цел е јасна, а тоа е победа. Верувам дека по квалитет сме тука некаде со Албанија и Азербејџан и можеме да се натпреваруваме со нив, па подобриот нека победи."
Цената на влезница за натпревар изнесува од 200 и 400 денари....