Објавено на 04 Април, 2022 во Вести, До 17 год жени
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 4 до 10 април ќе учествува на УЕФА развоен турнир (фудбалерки родени 2006/2007 година што ќе се одржи во Босна и Херцеговина.
На овој развоен турнир, покрај нашата селекција учество ќе земат домаќинот, Босна и Херцеговина, Словенија и Фарски Острови.
Првиот натпревар против Босна и Херцеговина го играме на 5. април, на тренинг центарот во Зеница, со почеток од 12. часот.
На 7. април е закажан вториот меч против Словенија, на стадионот на Младост Добој Какањ, со почеток од 12. часот.
Во последниот натпревар, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Фарски Острови, на 10. април, во 12. часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Катерина Милеска, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Мери Васева (Тиверија), Мила Павлоска (Љуботен);
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Росана Китановска (Љуботен), Кристина Крстева (Кул Здравје), Васка Василева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов),
Среден ред: Миа Велинова (Борец), Ива Јосифова (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Мурвет Вардар (Тиверија), Михаела Додевска (Кул Здравје), Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед);
Напад: Ива Јованоска (Љуботен), Елена Љјондевска (Топ Гол), Ана Боризоска (Деспина), Емили Митковска (Речица), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиевска (Деспина);