Објавено на 06 Декември, 2023 во Вести, А репрезентација жени
Женската македонска А репрезентација во Софија го одигра последниот натпревар од Лига на нации против домаќинот, селекција на Бугарија.
Избраниците на селекторот Кирил Изов иако имаа предност од два гола, на крајот не успеаа да слават против Бугарија, пропуштајќи да ја забележат првата победа во овој циклус од Лигата на нации.
Македонија поведе уште во 11. минута со голот на Рочи. Максути во 62. минута го зголеми нашето водство. Клучниот момент се случи во 71. минута, кога Македонија остана со играч помалку, по исклучувањето на Коларвоска.
Во 85. минута, домаќинот се врати во игра и преку Желева го намали нашето водство. Во судиското продолжение, Расина постигнува погодок за израмнување на резултатот и поставување на конечните 2:2.
Македонија: Лековска, Петровска, Петкова, Коларовска, Меијер, Марковска, Шемсовиќ, Велкова, Андонова, Максути, Рочи;
Селектор: Кирил Изов;
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....