Објавено на 21 Септември, 2018 во До 19 год жени
По минималниот пораз во првиот натпревар, во вториот пријателски натпревар на женските селекци до 19 години на Македонија и Кипар одигран на 21.09.2018 год. на ФФМ тренинг центарот, нашите фудбалерки победија со убедливи 5-1.
За разлика од првиот натпревар одигран на 19.09.2018 на стадионот на Македонија Ѓорче Петров, каде не беа реализирани многу шанси и на крај минимално бевме поразени, во вториот пак од почеток се виде желбата и одлучноста на фудбалерките на селекторот Астрит Мерко за да се покажат како доминантни.
Уште во 5. минута од натпреварот Македонија имаше водство од 1-0 со голот на Ѓорѓиевска која успеа да и донесе почетна радост на нашата репрезентација. Во 13. минута веќе беше 2-0 за Македонија со погодокот на Димоска.
Кипар успеа во 33. минута да ја намали предноста на Македонија на 2-1 со погодок реализиран од страна на фудбалерката со број 3. Со овој резултат заврши и првиот дел од натпреварот.
Во вториот дел нашиот селектор ги внесе во игра фудбалерките со број 11 Дервиши и со број 9 Живиќ кои беа кобни за Кипарците.
Најпрвин при асистенција на Живиќ, Дервиши погоди за 3-1 во 53. минута , а две минути подоцна втор погодок на Дервиши за 4-1. Точка на овој натпревар стави Белистојаноска која во 57. минута погоди за 5-1.
Треба да се напомене дека од 64. минута нашата репрезентација играше со играч помалку по добиениот втор жолт картон на нашата фудбалерка со број 4 Далчевска.
Состав-1 Речи Суарта, 17 Оломани Кренаре, 3 Ѓорѓиоска Теодора(Капитен), 4 Далчевска Валентина, 5 Ѓорѓиевска Јована, 6 Положани Синдис, 14 Петровска Теодора, 8 Белистојаноска Марија, 16 Чонева Радица, 10 Димоска Теодора и со број 15 Николова Ивана.
Во игра влегоа и -12 Самарџиеска Лина, 13 Митреска Сања, 7 Костеска Надица, 11 Дервиши Рабија, 9 Живиќ Јулија, 2 Гегова Драгана, 19 Николовска Христина и 20 Амити Ениса.