Женска репрезентација до 17 години: Победа против Молдавија за крај на квалификацискиот турнир за Елитна фаза

Објавено на 04 Октомври, 2021 во Вести, До 17 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа со 4:0 против селекцијата на Молдавија во последното коло од квалификацискиот турнир во Естонија за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП.

Противникот рано уште во седмата минута остана со играч помалку. Директен црвен картон доби Гуту уште во 7. минута, а за нашите фудбалерки беше досуден удар од белата точка. Македонија поведе со 1:0 со голот на Панеска од пенал. Настовска ја зголеми нашата предност. Села во вториот дел стрелаше прецизно за водство од 3:0, а конечните 4:0 ги постави Панеска со својот втор гол на мечот.

Во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза, Македонија загуби од Украина со 3:0. Головите на оваа средба ги постигнаа Птитсина, Хончарук и Киселевиќ.

Во второто коло и директниот дуел за втората позиција, женската репрезентација на Македонија беше убедливо поразена со 5:0 од домаќинот на турнирот, селекцијата на Естонија. Противникот уште во првите 45. минути имаше убедлива предност од четири гола. Таркмел, Лилеметс, Салеи и Орлова се запишаа во листата на стрелци. Во продолжението Салеи го постигна својот втор гол на мечот за конечни 5:0.

Во нашата група, Украина го освои првото место со максимален број на бодови. На второто место се најде селекцијата на Естонија со шест освоени бодови. Македонија заврши на третото место со три бода. Последна без ниту еден освоен бод заврши селекцијата на Молдавија.




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација